НОВИОТ JAGUAR E‑PACE

E‑PACE е првиот компактен SUV на Jaguar. Уникатна комбинација на стил, агилност и динамично возење. Сега е достапен и како Plug-in хибрид.

ПОГЛЕД ВО 360°

ИСТРАЖЕТЕ ГО ОВОЈ МОДЕЛ

ЕМИСИЈА НА CO2 ПРИ КОМБИНИРАН ЦИКЛУС g/km
Од 43

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО ПРИ КОМБИНИРАН ЦИКЛУС l/100km
Од 2,0

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ
Споредете ги карактеристиките и спецификациите една до друга.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Искористете го конфигураторот за да го создадете Вашиот совршен Jaguar E-PACE.
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Jaguar.
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Jaguar блиску до Вас.
ДИЗАЈН
ИСТРАЖЕТЕ ЈА ВНАТРЕШНОСТА
ИСТРАЖЕТЕ ЈА ВНАТРЕШНОСТА

Внатрешноста на E‑PACE е фокусирана кон дизајнот. Сите елементи имаат специфична намена, стил и зрачат со префинетост.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДИЗАЈНОТ
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДИЗАЈНОТ

Комфорот и карактерот одат рака под рака во внатрешноста на E‑PACE. Уживајте во луксузот на седиштата од кожата Windsor со нијансирани шевови, или истакнете ја живата естетика со контрастни шевови и треперливи бои. Богатата опција од материјали го прави E‑PACE само Ваш.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
ИСТРАЖЕТЕ ЈА НАДВОРЕШНОСТА
ИСТРАЖЕТЕ ЈА НАДВОРЕШНОСТА

Совршена мешавина на спортски дизајн и практичност на еден SUV. Со смели дизајнерски детали, од страничните отвори за воздух до украсната маска.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
ПЕРФОРМАНСИ
ПЕРФОРМАНСИ НА ВОЗЕЊЕ
ПЕРФОРМАНСИ НА ВОЗЕЊЕ

Единствен баланс помеѓу агилноста и комфорот во возењето – откријте ја возбудата што ја носи возењето на овој SUV на Jaguar. Широката палета на целосно нови подобрени мотори, вклучувајќи ги и новите хибридни технологии, значи дека постои мотор што Ви одговара.

PLUG-IN<br> HYBRID
НОВИОТ JAGUAR E‑PACE, PLUG‑IN ХИБРИД КОМПАКТЕН SUV

Сè што сакате кај Jaguar E‑PACE со уште помала потрошувачка на гориво и помали трошоци за гориво.

ИСТРАЖЕТЕ ГО ОВОЈ МОДЕЛ
300 SPORT
JAGUAR E‑PACE 300 SPORT

Извонредните дизајнерски детали го збогатуваат уникатниот карактер на Jaguar E‑PACE 300 SPORT, но тоа што вистински го одвојува од останатите се наоѓа под хаубата. 4‑цилиндричен мотор со моќност од 300PS со системот Активен погон што ја оптимизира управливоста и нуди возбудливо возење.

ИСТРАЖЕТЕ ГО ОВОЈ МОДЕЛ
VIEW SPECIFICATIONS
ЦЕЛОСНО НОВА ПАЛЕТА НА МОТОРИ
E‑PACE нуди урамнотежен погон со брза реакција и помала потрошувачка на гориво преку палетата на хибридни технологии, вклучувајќи ги делумно хибридниот погон со бензински и дiзел мотори (MHEV) и варијантата Plug‑in хибрид (PHEV).
ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА
За перформанси во разни услови, системот Погон на сите тркала (AWD) интелигентно ја контролира распределбата на вртежниот момент помеѓу предната и задната оска. Системот Погон на сите тркала (AWD) ја оптимизира тракцијата со што ја подобрува динамичката управливост и нуди поголема стабилност во тешки услови за возење така што можете да продолжите да уживате во Вашето патување.
ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА
Системот Прилагодлива динамика нуди прецизна динамика и еластично возење преку набљудување на позицијата на тркалата и движењата на каросеријата. Амортизерите го прилагодуваат потпирањето за да се обезбеди оптималната рамнотежа помеѓу комфорот, префинетоста и агилноста. ​
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ
ТЕХНОЛОГИЈА ВО АВТОМОБИЛ
ЕДНОСТАВНОСТА КАКО СТАНДАРД

Стандардни карактеристики на Pivi:

• Екран на допир од 11,4"
• DAB дигитално радио
• Посредник со нов дизајн
• Apple CarPlay® 1
• Android Auto™ 2
• Remote3

Надградете го системот во Pivi Pro4 и ќе бидете во друштво со најновото од вештачката интелегенција за системите за автомобил. Овие новитети обезбедуваат карактеристики каков што е самоукиот систем за навигација, за да можете да уживате во целосно поврзано патување.

ЕДЕН ПОГЛЕД ЗА ИНФОРМАЦИИТЕ

Изберете некој од бројните прикази, вклучувајќи ја 3Д навигацијата на цел екран, информациите за возење, или накратко погледнете што емитира аудио системот, а сето тоа на новиот опционален Интерактивен дисплеј за возачот со екран од 12,3“ со висока резолуција.

Опционалниот Head-up дисплеј 2 на ветробранското стакло ги прикажува главните информации. На приказот во боја можете едноставно да ги видите брзината на вашето возило, избраниот степен на пренос и насоките за навигација.

АУДИО СИСТЕМ MERIDIAN™

Британската компанија MeridianTM Audio се грижи за музичкото доживување. Тука не се работи само за погласна музика. Тука се работи за интензивирање на музиката преку длабок, чист и реален звук со помош на комбинацијата од напредна технологија за акустика и стратешки позиционираните звучници. На тој начин се создава аудио платформа - ние ја нарекуваме „звучна сцена“ - што точно одговара за внатрешноста на E‑PACE. Изберете еден од опционалните аудио системи, MeridianTM или MeridianTM со опкружувачки звук.

ГРИЖА ЗА ВАШАТА ПОВРЗЛИВОСТ
Пакетот Online нуди дополнително поврзани услуги преку вградената SIM картичка и обезбедува пристап до:

• Неограничен број на медиуми за проследување6
• Онлајн препознавање говор
• Временска прогноза
• Онлајн синхронизација на календарот
ЗАБАВА ЗА СИТЕ
Изберете го опционалниот систем Wi-Fi овозможено со податочен план7 и ќе можете да користите:

• Услуги на медиуми за проследување по Ваш избор8
• До 20GB податоци месечно
• Подобра врска преку антена
• Повеќе поврзани уреди
УРЕД ЗА БЕЗЖИЧНО ПОЛНЕЊЕ
Опционалниот уред за безжично полнење со засилувач на телефонскиот сигнал Ви овозможува да полните компатибилни паметни телефони без потреба од пристан за полнење. Кога сте во автомобилот, Вашиот телефон ќе ја користи антената на возилото за да добие подобар сигнал и да овозможи почисти повици.
СИСТЕМ ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ ВО КАБИНАТА СО ФИЛТЕР ЗА ПМ2,5 ЧЕСТИЧКИ
Опционалната NanoeTM јонизација се грижи за здравјето на возачот и неговите сопатници. Со активирање на копчето PURIFY (прочисти), специјално дизајнираниот филтер ги задржува фините честички од надворешниот воздух, како ПМ2,5 и алергените во воздухот, како прав и полен.
ПРАКТИЧНОТ И БЕЗБЕДНОСТ
СКЛАДИРАЊЕ
Спортската естетика на E‑PACE крие голем багажен простор и водечки во класата простор за складирање во внатрешноста. Пространата касета пред совозачот и длабоките џебови за одлагање предмети во предните врати Ви овозможуваат сите битни работи да Ви бидат при рака, а во големиот багажен простор можете да сместите сè што Ви треба за подолгите патувања.
ACTIVITY KEY
Отпорен на вода и на удари, целосно новиот Клуч за активирање9 Ви овозможува да го отклучите, заклучите и стартувате Вашето возило. Значи, без оглед на тоа какви активности на отворен простор сте планирале со Вашите пријатели, повеќе нема потреба од конвенционални клучеви за автомобил.
ПИКСЕЛ ЛЕД ФАРОВИ
Опционалните Пиксел ЛЕД фарови имаат анимирани трепкачи за правец. Прилагодливиот светлосен сноп обезбедува поголема видливост во темница, а во исто време, автоматски го дели светлосниот сноп за да спречи заслепување на возилата што се движат од спротивната насока.
СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ
Jaguar E‑PACE има системи за помош на возачот што овозможуваат поедноставно возење низ град и паркирање, а при возењето по автопат нудат поголемо уживање. Овие технологии се грижат да Ве ослободат од стресот при возењето со што го унапредуваат Вашето возење.
ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ
ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ JAGUAR E‑PACE
Тука можете да ја видите целата серија на модели, со голем избор на врвни дизајнерски решенија, додатоци и достапни технологии.


ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ
CHOOSE YOUR MODEL
ГАЛЕРИЈА
Строгата грижа за секој детаљ отсекогаш била основа на нашите возила. E‑PACE е синоним за префинетост, практичност и доверливо возење.


ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
СПЕЦИФИКАЦИИ
Истражете ги подобрените детали. Дознајте повеќе за перформансите на моторот, димензиите и потрошувачката на гориво.


ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ
СОВРШЕНОТО ВОЗЕЊЕ ЗАПОЧНУВА ОВДЕ

Луксузен SUV со високи перформанси што нуди практичност и ефикасност. Искористете го конфигураторот за да го создадете Вашиот совршен Jaguar E‑PACE.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
JAGUAR ДОДАТОЦИ
JAGUAR ДОДАТОЦИ

Внесете го Вашиот карактер или опремете го Вашиот E-PACE со практични додатоци. Нашата широка палета Ви овозможува да го оптимизирате Вашето возило за да одговара на Вашите потреби.

ПРОНАЈДЕТЕ ДОДАТОЦИ
КОЛЕКЦИЈАТА JAGUAR
КОЛЕКЦИЈАТА JAGUAR

Нашите автомобили и нивниот дизајн се инспирација за нашиот ексклузивен асортиман на луксузна облека, додатоци и подароци.

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ
Споредете ги карактеристиките и спецификациите една до друга.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Искористете го конфигураторот за да го создадете Вашиот совршен Jaguar E-PACE.
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Jaguar.
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Jaguar близу вас

Наведените вредности се пресметани според NEDC2 (New European Driving Cycle – Нов европски циклкус на возење) од официјалните WLTP (Worldwide harmonised Light vehicle Test Procedure – Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2 и за потрошувачката на гориво можат да варираат во зависност од вградените тркала и опционалната опрема. Вредностите за NEDC2 се пресметуваат со помош на државната формула од вредностите за WLTP еквивалентни на тие што би биле според стариот NEDC тест. Потоа може да се наметне точната даночна стапка.

Погледнете ги WLTP вредностите
WLTP (Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) е новата официјална ЕУ постапка што се користи за пресметка на стандардизираните вредности за потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 за патнички автомобили. Со оваа постапка се мери потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија, автономијата и емисијата на издувни гасови. Со неа се обезбедуваат вредности коишто се поблиски до реалните вредности од секојдневното возење. Возилата се испитуваат со опционална опрема и со посложена постапка за испитување и профил за возење.

1Вашиот автомобил е подготвен за Apple CarPlay. Услугите што се нудат преку Apple CarPlay зависат од достапноста на функцијата во Вашата земја. За подетални информации погледнете на https://www.apple.com/uk/ios/feature-availability/#apple-carplay.

2 Вашиот автомобил е подготвен за Android Auto. Услугите што се нудат преку Android Auto зависат од достапноста на функцијата во Вашата земја. За подетални информации погледнете на https://www.android.com/auto/.

3Remote содржи претплатнички услуги што можат да се продолжат по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Jaguar. Апликацијата Jaguar Remote ќе треба да ја преземете од Apple App Store/Google Play Store.

4Connected Navigation ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Jaguar.

5Requires Solar attenuating windscreen in some markets.

6Fair use policy applies. Includes 1 year subscription which can be renewed after the initial term.

7На сликата е прикажан додатокот Jaguar Click and Go, се продава посебно. Без таблет. Се применува политика за фер користење. По искористувањето на 20GB пред истекот на еден месец, брзината и функционалноста може да се намалат до крајот на месецот. За подетални информации во однос на политиката за фер користење, а поврзани со оваа функција, погледнете ги условите за користење на InControl Pivi Pro на www.jaguar.com/pivi-pro-terms. Времето на репродукција зависи од провајдерот и резолуцијата на видео содржината. ХД видео содржина значително ја зголемува количината на искористените податоци.

8Playback time is dependent on streaming provider and the definition of the video content. HD video will significantly increase data usage. Includes 1 year subscription which can be renewed after the initial term.

9Клучот за активирање може да се наполни за приближно два часа и обезбедува до десет дена работен век на батеријата.


Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) и пазарот, или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.


Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.


Карактеристиките на Pivi и InControl, услугите од трети страни, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот локален продавач на Jaguar за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Одредени функции доаѓаат со претплата што ќе бара подоцнежно обновување по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на ажурирања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции.


Meridian е регистриран заштитен знак на Meridian Audio Ltd. Trifield и уредот three fields е регистриран заштитен знак на Trifield Productions Ltd.
Apple CarPlay е регистриран заштитен знак на Apple Inc. Може да се применуваат условите за користење на крајниот корисник на Apple Inc.
Android Auto е регистриран заштитен знак на Google LLC.
NanoeTM е регистриран заштитен знак на Panasonic Corporation.