НОВИОТ JAGUAR F‑PACE PLUG‑IN HYBRID SUV

Возбудлива комбинација на економична потрошувачка на гориво од Plug-in хибрид и перформанси на Jaguar.

СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Изберете не повеќе од три возила на Jaguar и споредете ги едно до друго.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Искористете го конфигураторот за да го создадете Вашиот совршен Jaguar F-PACE.
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Jaguar.
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Jaguar близу вас
АВТОНОМИЈА НА F-PACE PLUG-IN HYBRID SUV

Новиот F‑PACE Plug‑in Hybrid овозможува помала потрошувачка на гориво и нулта емисија на издувни гасови кога возите во режим за електрично возило (EV).

СПЕЦИФИКАЦИИ НА F-PACE PLUG-IN HYBRID
ВРЕМЕ НА ПОЛНЕЊЕ 0-80%

30 минути*


F-PACE Plug-in Hybrid нуди погодно полнење, дополнување во òд.
ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО

2,4 L/100 km


Добијте повеќе од Вашето патување со ниската потрошувачка на гориво што ја овозможува F‑PACE Plug-in Hybrid.
ЕМИСИЈА НА ИЗДУВНИ ГАСОВИ

54 g/km


F‑PACE Plug-in Hybrid има намалена емисија на CO2.
АВТОНОМИЈА КАКО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО

59 km†‡


Вашите патувања на кратки релации се совршени за режим на електрично возило (EV).
НАГРАДУВАНИТЕ ДИЗАЈН И ТЕХНОЛОГИЈА НА ХИБРИДНИ ВОЗИЛА

F‑PACE е едно од малкуте возила што ги добиле наградите светски автомобил на годината и светски дизајн на автомобил на годината. Новиот Jaguar F‑PACE Plug‑in Hybrid продолжува да ја симболизира нашата филозофија за прогресивен дизајн и современ луксуз.

ЗОШТО ДА ИЗБЕРЕТЕ F-PACE PLUG-IN HYBRID?
ЕДНОСТАВНО ПОЛНЕЊЕ
Без оглед дали сте паркирани на Вашата дестинација или полните по пат, на располагање имате разни опции што Во овозможуваат да се приклучите за полнење каде и да сте.
• На домашен полнач
• На јавни станици за полнење и уреди за брзо полнење со еднонасочна струја DC*
ПОНИСКА ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО
Jaguar F-PACE Plug-in Hybrid комбинира батерија со бензински мотор и обезбедува оптимална потрошувачка на гориво.
• Електричниот погон ја намалува вкупната потрошувачка на гориво
НАМАЛЕНА ЕМИСИЈА НА ИЗДУВНИ ГАСОВИ
F-PACE Plug-in Hybrid може да се пофали со импресивна нулта емисија на CO2 во режимот за електрично возило (EV) што може да има бројни придобивки.
• Намалена емисија на CO2
• Понизок данок и акциза
ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ
ПРЕФРЛЕТЕ СЕ НА СТРУЈА СО JAGUAR
Едноставно и достапно полнење, значително намалување на трошоците и поодржливо доживување во возењето. Електрифицираниот свет на Jaguar Ве чека.
ИЗБОРОТ Е ВАШ
Динамичен, префинет, моќен. Откријте го Вашиот F‑PACE Plug‑in Hybrid.

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ
СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Изберете не повеќе од три возила на Jaguar и споредете ги едно до друго.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Искористете го конфигураторот за да го создадете Вашиот совршен Jaguar F-PACE.
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Jaguar.
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Jaguar близу вас

*Со помош на брз полнач со еднонасочна струја со моќност од 32kW.


Наведените вредности се пресметани според NEDC2 (New European Driving Cycle – Нов европски циклкус на возење) од официјалните WLTP (Worldwide harmonised Light vehicle Test Procedure – Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2 и за потрошувачката на гориво можат да варираат во зависност од вградените тркала и опционалната опрема. Вредностите за NEDC2 се пресметуваат со помош на државната формула од вредностите за WLTP еквивалентни на тие што би биле според стариот NEDC тест. Потоа може да се наметне точната даночна стапка.

Погледнете ги WLTP вредностите

WLTP (Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) е новата официјална ЕУ постапка што се користи за пресметка на стандардизираните вредности за потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 за патнички автомобили. Со оваа постапка се мери потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија, автономијата и емисијата на издувни гасови. Со неа се обезбедуваат вредности коишто се поблиски до реалните вредности од секојдневното возење. Возилата се испитуваат со опционална опрема и со посложена постапка за испитување и профил за возење.


Официјални вредности за потрошувачката на гориво за серијата F-PACE (без PHEV) во I/100km (mpg): Комбиниран циклус 5,2-8,9 (54,3-31,7). Емисија на CO2 според NEDC2, 137-202g/km. PHEV во l/100km (mpg): Комбиниран циклус 2,4 (117,7). Емисија на CO2 според NEDC2, 54g/km. Вредностите за автономијата на EV - електричното возило се базираат на сериско возило по стандардизирана патека. Постигнатата автономија ќе се менува во зависност од состојбата на возилото и батеријата, актуелната патека и опкружување и стилот на возење. Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2, за потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија и автономијата можат да варираат во зависност од неколку фактори како што се стилот на возење, условите на околината, товарот и вградените додатоци.