НОВИОТ JAGUAR XF

Чудесна комбинација од грандиозност и перформанси​. Jaguar XF има нова палета на дизел мотори што е надградена со технологијата на делумно хибридно возило.

ПОГЛЕД ВО 360°

ЕМИСИЈА НА CO2 g/km
Од 115

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km
Од 4,4

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ
Споредете ги карактеристиките и спецификациите една до друга.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Искористете го конфигураторот за да го создадете Вашиот совршен Jaguar XF.
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Jaguar.
ПРОНАЈДЕТЕ ЗАСТАПНИК
Побарајте продавач на Jaguar близу вас
ДИЗАЈН
ИСТРАЖЕТЕ ЈА ВНАТРЕШНОСТА
ИСТРАЖЕТЕ ЈА ВНАТРЕШНОСТА НА ВЕРЗИЈАТА SALOON

Голем простор за нозете, приспособливи положби на седиштата и нови опционални седишта со масажер. Вашиот ​XF е вистинско катче за релаксација.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
ИСТРАЖЕТЕ ЈА ВЕРЗИЈАТА <br>SALOON
ИСТРАЖЕТЕ ЈА НАДВОРЕШНОСТА НА ВЕРЗИЈАТА SALOON

XF ги привлекува погледите од сите страни. Современите карактеристики, вклучувајќи ја украсната маска со декоративна фолија, се дел од разубавената надворешност на XF.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
ПЕРФОРМАНСИ
ПЕРФОРМАНСИ НА ВОЗЕЊЕ
ПЕРФОРМАНСИ НА ВОЗЕЊЕ

Искустете го надалеку познатото возење на Jaguar. Во нашата серија модели сега се вклучени нови дизел мотори со технологијата на делумно хибридно возило за поефикасни патувања.

ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА
ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА

Системот Погон на сите тркала (AWD) на Jaguar е уникатен помеѓу ваквите системи. Овој систем ја има функцијата Интелигентна динамика на погонот што ги предвидува граничните можности на тракцијата и го префрла вртежниот момент за да се одржува контролата и смиреното возење.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ
НАСОЧУВАЊЕ НА ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ
Системот Насочување на вртежниот момент преку кочење обезбедува контролирано независно кочење за да се максимира способноста на возилото и низ најтесните кривини. Овој систем го намалува подуправувањето и овозможува агилност како кај спортски автомобил.
ПОГОНСКИ СИСТЕМИ
Уживајте во поголемата ефикасност паралелно со перформансите на Jaguar. Покрај палетата ефикасни бензински мотори, XF има нова палета на дизел мотори што е надградена со технологијата на делумно хибридно возило; паметен регенеративен систем што ги полни батериите при намалување на брзината и кочење.
ПАКЕТ DYNAMIC HANDLING
Унапредување на естетиката на возилото и на Вашето доживување при возењето. Овој опционален пакет се карактеризира со системот Динамика којашто може да се конфигурира, црвени шепи на кочниците, спојлер на капакот на багажниот простор,​ предни кочници со дијаметар од 355mm и задни кочници од 325mm.
ТЕХНОЛОГИЈА ВО АВТОМОБИЛ
ЕДНОСТАВНОСТА КАКО СТАНДАРД
ЕДНОСТАВНОСТА КАКО СТАНДАРД

Стандардни карактеристики на Pivi:


• Екран на допир од 11.4"
• DAB дигитално радио
• Посредник со нов дизајн
• Apple CarPlay® 1
• Android AutoTM 2
• Remote3

Надградете го системот во Pivi Pro4 и ќе бидете во друштво со најновото од вештачката интелегенција за системите за автомобил. Овие новитети обезбедуваат карактеристики каков што е самоукиот систем за навигација, за да можете да уживате во целосно поврзано патување.

ЕДЕН ПОГЛЕД ЗА ИНФОРМАЦИИТЕ
ЕДЕН ПОГЛЕД ЗА ИНФОРМАЦИИТЕ

Изберете некој од бројните прикази, вклучувајќи ја 3Д навигацијата на цел екран, информациите за возење, или накратко погледнете што емитира аудио системот, а сето тоа на новиот Интерактивен дисплеј за возачот со екран од 12,3 инчи со висока резолуција.

Опционалниот Head-up дисплеј5 на ветробранското стакло ги прикажува главните информации. На приказот во боја можете едноставно да ги видите брзината на Вашето возило, избраниот степен на пренос и насоките за навигација.

АУДИО СИСТЕМ MERIDIAN™ ​
АУДИО СИСТЕМ MERIDIAN™ ​

Британската компанија Meridian Audio се грижи за музичкото доживување. Тука не се работи само за погласна музика. Тука се работи за интензивирање на музиката преку длабок, чист и реален звук со помош на комбинацијата од напредна технологија за акустика и стратешки позиционираните звучници. На тој начин се создава аудио платформа - ние ја нарекуваме „звучна сцена“ - што точно одговара за внатрешноста на XF. Изберете еден од опционалните аудио системи, MeridianTM или MeridianTM со опкружувачки звук.

МИР И ТИШИНА
МИР И ТИШИНА

Со активното исклучување на буката од патот, благодарејќи на иновативната технологија од аудио експертите Meridian Audio и намаленото ниво на вибрации, XF нуди зголемен комфор за Вас и Вашите сопатници.

ГРИЖА ЗА ВАШАТА ПОВРЗЛИВОСТ
Пакетот Online6 нуди дополнително поврзани услуги преку вградената SIM картичка и обезбедува пристап до:

• Неограничен број на медиуми за проследување
• Онлајн препознавање говор
• Временска прогноза
• Онлајн синхронизација на календарот
ЗАБАВА ЗА СИТЕ
Изберете го опционалниот систем Wi-Fi овозможено со податочен план7 и ќе можете да користите:

• Услуги на медиуми за проследување по Ваш избор
• До 20GB податоци месечно
• Подобра врска преку антена
• Повеќе поврзани уреди
БЕЗЖИЧНО ПОЛНЕЊЕ
Опционалниот уред за безжично полнење со засилувач на телефонскиот сигнал Ви овозможува да полните компатибилни паметни телефони без потреба од пристан за полнење. Кога сте во автомобилот, Вашиот телефон ќе ја користи антената на возилото за да добие подобар сигнал и да овозможи почисти повици.
ЈОНИЗАЦИЈА НА ВОЗДУХОТ ВО КАБИНАТА СО ФИЛТЕР ЗА ПМ2,5 ЧЕСТИЧКИ
Опционалната NanoeTM јонизација се грижи за здравјето на возачот и неговите сопатници. Со активирање на овој систем, специјално дизајнираниот филтер ќе ги привлекува и задржува фините честички и алергените од надворешниот воздух, како ПМ2,5, прав и полен.
ПРАКТИЧНОСТ И БЕЗБЕДНОСТ
ПРОСТОР ЗА БАГАЖ
Доволно простор за сè што Ви треба на Вашите патувања. Без оглед дали е саботна прошетка со семејството или подолго патување, во моделот Sportbrake можете да ги сместите сите потребни работи.
КЛУЧ ЗА АКТИВИРАЊЕ
Отпорен на вода и на удари, целосно новиот Клуч за активирање8 Ви овозможува да го отклучите, заклучите и стартувате Вашето возило. Значи, без оглед на тоа какви активности на отворен простор сте планирале со Вашите пријатели, повеќе нема потреба од конвенционални клучеви за автомобил​.
ВНАТРЕШЕН РЕТРОВИЗОР CLEARSIGHT
Опционалната најсовремена технологија Ви овозможува непречен поглед зад вашиот Jaguar XF Saloon9. На Вашиот внатрешен ретровизор се прикажува видео во живо што го снима камерата поставена во капсулата на антената. Ова видео во живо обезбедува постојана видливост без оглед на тоа што се наоѓа зад Вас.​
СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ
Jaguar XF има системи за помош на возачот што овозможуваат поедноставно возење низ град и паркирање, а при возењето по автопат нудат поголемо уживање. Овие технологии се грижат да Ве ослободат од стресот при возењето со што го унапредуваат Вашето возење.
ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ
ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ JAGUAR XF
Тука можете да ја видите целата серија на модели, со голем избор на врвни дизајнерски решенија, додатоци и достапни технологии.
ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ
ГАЛЕРИЈА
Строгата грижа за секој детаљ отсекогаш била основа на нашите возила. Новиот Jaguar XF е избор на возачот, прекрасен автомобил што возбудува како ниеден друг.
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
СПЕЦИФИКАЦИИ
Истражете ги подобрените детали. Дознајте повеќе за перформансите на моторот, димензиите и потрошувачката на гориво.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ
СОВРШЕНОТО ВОЗЕЊЕ ЗАПОЧНУВА ОВДЕ

Луксузен деловен седан со уникатен дизајн, динамично возење и најсовремени технологии. Искористете го конфигураторот за да го создадете Вашиот совршен Jaguar XF.​

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
JAGUAR ДОДАТОЦИ
JAGUAR ДОДАТОЦИ

Персонализирајте го Вашиот XF по Ваш вкус, според Вашиот животен стил и Вашите интереси.

ПРОНАЈДЕТЕ ДОДАТОЦИ
КОЛЕКЦИЈАТА JAGUAR
КОЛЕКЦИЈАТА JAGUAR

Нашите автомобили и нивниот дизајн се инспирација за нашиот ексклузивен асортиман на луксузна облека, додатоци и подароци.

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ
Споредете ги карактеристиките и спецификациите една до друга.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Искористете го конфигураторот за да го создадете Вашиот совршен Jaguar XF
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Jaguar.
ПРОНАЈДЕТЕ ЗАСТАПНИК
Побарајте продавач на Jaguar близу вас

Наведените вредности се пресметани според NEDC2 (New European Driving Cycle – Нов европски циклкус на возење) од официјалните WLTP (Worldwide harmonised Light vehicle Test Procedure – Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2 и за потрошувачката на гориво можат да варираат во зависност од вградените тркала и опционалната опрема. Вредностите за NEDC2 се пресметуваат со помош на државната формула од вредностите за WLTP еквивалентни на тие што би биле според стариот NEDC тест. Потоа може да се наметне точната даночна стапка.

Погледнете ги WLTP вредностите.

WLTP (Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) е новата официјална ЕУ постапка што се користи за пресметка на стандардизираните вредности за потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 за патнички автомобили. Со оваа постапка се мери потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија, автономијата и емисијата на издувни гасови. Со неа се обезбедуваат вредности коишто се поблиски до реалните вредности од секојдневното возење. Возилата се испитуваат со опционална опрема и со посложена постапка за испитување и профил за возење. Вредностите се прикажани како автономија според WLTP постапките за испитување. Најниските вредности се однесуваат на најекономичниот/најлесниот пакет од опции.
Највисоките вредности се однесуваат на најнеекономичниот/најтешкиот пакет од опции. WLTP прописот диктира дека кога разликата помеѓу најниските и највисоките вредностите за CO2 е помала од 5g, тогаш се декларира само највисоката вредност.


1 Вашиот автомобил е подготвен за Apple CarPlay. Услугите што се нудат преку Apple CarPlay зависат од достапноста на функцијата во Вашата земја. За подетални информации погледнете на https://www.apple.com/uk/ios/feature-availability/#apple-carplay.

2 Вашиот автомобил е подготвен за Android Auto. Услугите што се нудат преку Android Auto зависат од достапноста на функцијата во Вашата земја. За подетални информации погледнете на https://www.android.com/auto/.

3 Remote содржи претплатнички услуги што можат да се продолжат по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Jaguar. Апликацијата Jaguar Remote ќе треба да ја преземете од Apple App Store/Google Play Store.

4 Connected Navigation ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Jaguar.

5 На некои пазари бара соларно стакло. Правците на навигацијата се појавуваат на ветробранското стакло само кога во возилото е вграден системот Pivi Pro.

6 Може да се применува политика за фер користење. Вклучува претплата од 1 година што може да се продолжи по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Jaguar

7 На сликата е прикажан додатокот Jaguar Click and Go, се продава посебно. Без таблет. Се применува политика за фер користење. По искористувањето на 20GB пред истекот на еден месец, брзината и функционалноста може да се намалат до крајот на месецот. За подетални информации во однос на политиката за фер користење, а поврзани со оваа функција, погледнете ги условите за користење на InControl Pivi Pro на www.jaguar.com/pivi-pro-terms. Времето на репродукција зависи од провајдерот и резолуцијата на видео содржината. ХД видео содржина значително ја зголемува количината на искористените податоци.

8 Клучот за активирање може да се наполни за приближно два часа и обезбедува до десет дена работен век на батеријата.

9 Само кај верзијата Saloon. Подлежи на локалните прописи. Ако корисниците на бифокални или прогресивни (варифокални) наочари не можат едноставно да го прилагодат фокусот на дигиталната слика на ретровизорот ClearSight, тие можат да го вратат нормалниот режим на ретровизорот во секое време.


Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) и пазарот, или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.


Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.


Карактеристиките на Pivi и InControl, услугите од трети страни, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот локален продавач на Jaguar за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Одредени функции доаѓаат со претплата што ќе бара подоцнежно обновување по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на ажурирања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции.


Meridian е регистриран заштитен знак на Meridian Audio Ltd. Trifield и уредот three fields е регистриран заштитен знак на Trifield Productions Ltd.


Apple CarPlay е регистриран заштитен знак на Apple Inc. Може да се применуваат условите за користење на крајниот корисник на Apple Inc.


Android Auto е регистриран заштитен знак на Google LLC.